За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

572

Податоците дека нема податоци ги читаме во службените документи на производителите на вакцини на страницата на МАЛМЕД, овие податоци (односно нивниот дефицит) се достапни за читање за сите здравствени работници, но никој од нив барем до сега не излегол да покаже загриженост или да побара дополнителни истражувања.

Европската регулатива предвидела спроведување на студии за канцерогеност за секој лек чии ефект трае подолго од 6 месеци или за оние супстанци кои имаат склоност подолго да се задржуваат во телото, или за производи добиени со екстракција од човечки или животински ткива, но производителите на вакцини не спроведуваат ваков тип на студии иако во составот на вакцините има остатоци од животински и човечки абортирани ткива, има алуминиум (неуротоксин со афинитет кон мозок и коски, тежок метал), жива (неуротоксин со афинитет кон мозочни клетки),полисорбат 80 (намалува плодност и олеснува други состојки од вакцината да навлезат во мозокот на детето), формалдехид итн. (15,22,23,24,25,26, 29)

Дали принудувајќи не да ги вакцинираме своите деца со препарати кои не се доволно истражени, ние сме всушност принудени да бидеме учесници во медицински експеримент, со кој ќе се докаже во иднина дека вакцините влијаат на плодноста, гените, канцерите? Дали по 10-20-30 години, ќе дознаеме дека медицината неетички ги искористила и злоупотребила нашето незнаење и доверба? Дали ќе дозволиме историјата да се повтори, а сме можеле сето тоа да го спречиме?

Дали една нација која се смета за демократска и која вооедно има проблеми со наталитетот и со голема смртност на новороденчиња (највисока во Европа), ќе дозволи младата детска популација да прими повеќе од 30 дози на вакцини за кои не се знае дали и како влијаат на плодноста? Или дали принудно треба на новороденчиња да аплицира вакцини за кои не се знае дали има потенцијал да ги разболи од канцер или автоимуна болест со која детето ќе се бори до крајот на својот живот, ако евентуално преживее.

Продолжува на страна 17