Евросонг 2019 | Публиката воодушевена од Тамара, еве кој помина

1221

Втората полуфинална вечер на Евросонг е зад нас – се очекува големото финале во сабота, по што ќе биде прогласен победникот на натпреварот за најдобра песна на Европа за 2019 година.

Од самиот почеток, водителите од сцената во Тел Авив потврдија дека шоуто во саботата ќе го отвори Мадона дека во Израел пристигнува во придружба на повеќе од сто членови, и за само две песни, како објавија некои медиуми, ќе инкасира речиси 1 милиони евра.

За финалето се бореа осумнаесет земји, од кои поминаа само десет: Северна Македонија, Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

Ерменскиот претставник, пејачката Srbuk, го скрши мразот со песната “Walking out”, предизвика не баш бурни рекции кај публиката. Нешто громогласен аплауз доби згодната Иркиња Sarah McTernan со песната “22”, иако некои големи очекувања од социјалните мрежи нема.

Молдавката Anna Odobescu ја пееше баладата “Stay” во една раскошна креација, а со неа беше и уметник кој црта на песок.

Швајцарецот Luca Hanni го отпеа својот хит “She Got Me” и, со општ ентузијазам во салата, ја потврди својата висока позиција кај букмејкерите.

По Летонија и бендот “Carousel”, видовме дека на Евровизија има простор и за алтернативни песни, а Романија се одлучила за поп – варијанта со песната “On a Sunday” во изведба на Ester Peony.

Данката Lenore со нејзината песна “Love is forever” успеа да ја разигра салата, но Швеѓанецот John Lundvik ја збесна. Песната “Too Late for Love” е во стилот на американските r’n’b i soul хитови, а згодниот Lundvik покрај гласот покажа и некои други особини кои се предизвика воздишки.

Австриската група Paenda ја испеа баладата “Limits”, а Хрватот Роко Блажевиќ ја пееше песната “The Dream”.

Преставничката на Малта, Michela, воодушеви со сценографијата, а преставникот на Литванија Jurij Veklenko потоа дојде како тотална контраст со неговата балада.

Русија својата песна ја претстави, како и многу други земји, на англиски, што не им е својствено, но “Scream” на Сергеј Лазарев многу добро помина. Прекрасната Албанка Jonida Maliqi која настапи по него ја изведе својата етно песна на мајчин јазик.

Норвешкото трио “Keiino” ја отпеа песната “Spirit in The Sky”, собра овации, но ни најмалку блиску како фаворитот на целиот натпревар, Холанѓанецот Duncana Laurencea со песната “Arcade”.

За Македонија настапи Тамара Тодевска со вистинска женска химна за еднаквоста и ја остави публиката воодушевена.

Последен настапи преставникот на Азербејџан Chingiz со богата сценографија и песната “Truth”.