ПОГЛЕДНЕТЕ ДОБРО | Сите лудуваат по оптичката илузија што наводно може да открие дали сте под стрес

1601

Погледнете ја илустрацијата и обрнете внимание на тоа дали таа се движи или стои мирно.

Новата оптичка илузија ги полуде корисниците на социјалните мрежи бидејќи наводно може да открие дали сме под стрес.

Ова е дело на јапонскиот професор по неврологија Yamamoto Hashime и се состои од мноштво шестоаголници. Виолетовата и жолтата оптичка илузија навидум се движат, а во зависност од нивното движење ќе дознаете дали сте под стрес.

„Ако не се движи или само малку се движи, вие сте здрави и наспани, но ако се движи нон-стоп, тоа може да значи дека сте уморни или сте под голем стрес“, стои во описот на фотографијата што циркулира по социјалните мрежи.

Многу корисници на Twitter ја изразија својата збунетост.

„Треба да легнам после ова?“, „Избриши го ова, ме боли главата“, „Не мрда ако се фокусирам на целата слика, но ако погледнам надолу се движи“, се некои од коментарите.