Античките скулптури биле премачкани со миризливи масла, а некои дури и намирисани со парфеми

235

Науката веќе докажала дека скулптурите од античка Грција и Рим често биле боени во топли бои, а сега данските истражувања покажуваат дека некои биле и миризливи.

Статуа направена од бел мермер не треба да се смета за статуа од камен. Би требала да личи на вистински бог или божица, изјави авторката на студијата Cecilie Brons за данската научна веб-страница Videnskab.

Археолог и кустос во Музејот на скулптури во Копенхаген дошла до откритието откако истражувала во делата на римските писатели како Ciceron и натписите на античките грчки храмови.

Парфемите и миризливите масла често се споменуваат како дел од „украсите“ што биле поставени на верските култни статуи во антиката, рече таа.

На пример, Ciceron го опишува ритуалниот третман на статуата на Artemis – божицата на ловот, шумите и животните во грчката митологија – во Segesta, Sicily, која била намачкана со маснотии и миризливи масла.

Artemis – Segesta, Sicily

Во Delos, Greece, натписите на храмовите откриваат дека одржувањето на одредени статуи се состоело од триење со мирис на роза.

Восхитувањето на статуата за време на антиката не е само визуелно искуство, туку и миризливо, заклучила Brons во нејзината студија, објавена во списанието Oxford Journal of Archaeology.

Претходните истражувања откриле траги од пигменти од одамна избледена боја на античките грчки и римски статуи, што покажува дека делата за кои долго време се претпоставувало дека се бели, всушност се полни со бои.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.