Кога мама и тато разговараат пред децата, тоа се најчесто разговори кои се однесуваат за нив. Зошто тогаш се прашуваме, зошто децата мислат дека се во центарот на родителскиот свет и дека мама и тато не се ништо друго освен само тоа.
Еден од најпознатите семејни теоретичари на денешнината чии книги за воспитанието и родителството масовно се преведуваат и се продаваат на секој агол од земјината топка, а освен предавањата и книгите објавува и статии во реномираните светски списанија.
Статиите се скратени тези кои ги изнесува во неговите книги, и еден е од авторите кој на оваа тема родители/деца е најчитан. Веруваме дека сте слушнале за него и дека нема потреба од понатамошно дополнително претставување.
Да претставиме некои од неговите идеи, затоа што тие се покажале како многу ефикасни, поучни и многу реални за времето во кое живееме.
“Децата имаат потреба од двајцата родители! Децата не треба да се оставени само на мајката, таа да се грижи за нив додека таткото заработува пари за своето семејство. На детето тоа не му е значајно со оглед на тоа дека нема претстава за важноста на работата, но знае дека во неговото воспитување континуирано му недостасува таткото.”
– Дали се согласувате со оваа констатација?
Веројатно едностраното воспитување е нешто што не се случува во светот од вчера, а колку и да им зборуваме на нашите деца дека имаат двајца родители, многумина од нас веројатно се лажат и себе си и другите, бидејќи веднаш штом ќе се започне со разговор за тоа колку татковците учествуваат во организацијата на целото домаќинство – на виделина излегува вистината. Нивното учество, во сето она што го прави секојдневно жената и мајката, е многу мало!
Таквиот однос на силите во грижата за домаќинството релативно неодамна станал толку очигледен. Мажите и пред доаѓањето на бебето ја презеле улогата на таткото на семејството, оној кој се грижи за големи работи, барем е така во повеќето семејства, но тие големи работи за самото дете се всушност сосема незначителни. Тоа не ги доживува така.
Жената пак со првите денови на бременоста почнува да се менува себе си и се претвора од жена во мајка, а тоа се две сосема различни улоги. Со доаѓањето на бебето жената станала само мајка и речиси целосно ја отфрлила независната жена во себе си каква што била пред бременоста.
Мажите станале хранители, а жените мајки
Продолжува на страна 2