Програмата за физичка активност за пациенти по третман на рак на дебелото црево може да го намали ризикот од смрт за една третина, покажува голема меѓународна студија.
Научниците истакнуваат дека програмата за вежбање може да вклучува секакви активности.
Резултатите од истражувањето би можеле да ги променат упатствата низ целиот свет за пациентите по лекувањето на ракот.
Тоа е еден вид промена во начинот на размислување – третманот повеќе не е само нешто што го преземате, туку нешто што го правите, рече професорката Vicky Coyle од Универзитетот Queen’s во Белфаст.
Во испитувањето, тригодишна програма за вежбање ја започнувал кратко по хемотерапијата. Целта е учесниците да вежбаат барем двојно повеќе отколку што се препорачува за општата популација.
Нивното вежбање се состоело од енергично одење три до четири пати неделно, во траење од 45 до 60 минути. Во текот на првите шест месеци, учесниците имале неделни индивидуални тренинзи, кои подоцна биле намалени на еднаш месечно.
Во студијата учествувале 889 пациенти. Половина од нив биле ставени на програма за вежбање, додека на другата половина им било дадена брошура со упатства за здрав начин на живот.
По пет години, 80 проценти од оние кои вежбале сè уште немале знаци на рак, во споредба со 74 проценти од оние кои добиле само брошури.
Ризикот од смрт е помал за 37 проценти
Овој метод на лекување покажува намалување на ризикот од враќање на ракот или развој на нов за 28 проценти, објавено во New England Journal of Medicine.
Осум години по почетното лекувањето на ракот, 10 проценти од луѓето во групата која вежбала починале, во споредба со 17 проценти од контролната група, што значи дека ризикот од смрт за оние кои вежбале бил за 37 проценти помал.
Точната причина зошто вежбањето има толку корисен ефект сè уште не е позната, но можно објаснување вклучува влијание врз нивото на воспалителни процеси во телото и функционирањето на имунолошкиот систем.
„Знаеме дека физичката активност влијае на голем број клучни биолошки процеси што би можеле да ги објаснат овие резултати, а понатамошните истражувања ќе ни помогнат да разбереме зошто вежбањето има толку позитивен ефект“, рече Joe Henson од Универзитетот во Leicester.