Утврдено е дека сообраќајните судири се најчеста причина за смрт за речиси една третина (28 проценти) од 150 проучувани популации на животни – почести од болестите, ловот и грабежот.
Ефектот од фаталните судири на возила врз животните е многу пошокантен отколку што се мислело, предупредуваат британските научници, врз основа на анализа на животинската популација ширум светот.
Утврдено е дека сообраќајните судири се најчеста причина за смрт за речиси една третина (28 проценти) од 150 испитувани популации на животни – почести од болестите, ловот и грабежот.
Научниците велат дека нивното откритие, неодамна објавено во списанието Biological Reviews, сугерира дека некои популации на цицачи можеби достигнуваат „пресвртна точка“, критичен праг што може да има неповратни последици.
Обемот на фатални судири на возила со животни е многу пошокантен отколку што претходно се мислело и јасно укажува на можна пресвртна точка за некои диви популации, рече водечкиот истражувач Lauren Moore од Универзитетот Nottingham Trent.
Додека необработените податоци за бројот на убиени животни понекогаш може да изгледаат релативно ниски, фаталните несреќи на возила директно и индиректно придонесуваат за стапката на смртност што ја надминува стапката на репродуктивност, оставајќи ги популациите ранливи, додаде таа.
Moore и нејзините колеги прегледале 83 студии кои ја разгледувале смртноста на 69 видови цицачи.
Две студии, кои се фокусирани на Обединетото Кралство, откриле дека патиштата се одговорни за 29 отсто од смртноста на творови и 25 отсто од смртноста од ежеви.
Moore објасни дека истражувањето на творобите покажува дека времето, парите и напорот за лекување на болни или повредени животни се трошат по патиштата и дека напорите да се помогне и повторно да се воведат загрозените видови ќе бидат ограничени со патиштата.
Најзагрозени видови, за кои се смета дека ќе настрадаат на патиштат се:
тасманските ѓаволи (автохтон во Австралија),
американскиот тетреб,
осторвските сиви лисици (автохтони во Калифорнија),
африканските диви кучиња (автохтони во субсахарска Африка) и
Bryant верверичките (автохтони во Северна Америка).
Групата, исто така, откри дека кај некои популации на животни, до 80 проценти од смртноста е предизвикана од судири со возила.