Мобилна апликација може да го препознава расположението и здравствената состојба на бебето кое плаче, објави “Фокс њус”.
Преведувачот на бебешки плач (The Infant Cries Translator) е развиен во Националната тајванска универзитетска болница.
Системот користи база на податоци од над 200 000 регистрирани плачења на над 100 новороденчиња, собирани во последните 2 години.
Анализата на фреквенцијата на индивидуалните звуци е користена од лекарите Чан Ју и Чен Си-Да, за да ги утврдат различните можни состојби на базата на акустиката.
Апликацијата до 15 секунди покажува дали детето е гладно, нешто го боли, пелената е мокра или му се спие. Програмата е точна на 92% кај бебиња на возраст под 2 недели. Колку повеќе растат толку понеточни се резултатите на системот.
Според креаторите нема смисла таа да се користи кај над 6 месечни бебиња и е најкорисна за луѓе на кои ова е прво дете. Преведувачот сепак продолжува да трупа податоци во својата база, а поседува и алгоритам, преку кој може да ги прифати персоналните поставувања за различни детски гласови.
Тој е достапен во App Store-от на смартфоните со оперативен систем “Андроид”, како и за “Ајфон” на “Епл”.
Бонус видео: