Чоколадото е она нешто на што поголем дел од жените не можат да одолеат. Тоа е нивниот најдобар пријател и истовремено најжестокиот непријател. Нешто што е забрането и за што мислат постојано.
Многу пати дамите подлегнуваат на искушението и посегнуваат кон чоколадото, а потоа упатуват илјадници обвинувања кон себе.
Ако и вие сте од обожавателки на чоколадо, добрата вест е дека нема потреба да се воздржувате- доволно е само да го консумирате вистинскиот вид, имено најтемното чоколадо.
Тој е најкорисен избор, бидејќи во млечниот “братучед” се содржат повеќе шеќер и масти, а белата е најлошиот можен избор.
Само две мали парчиња црна чоколада секој ден и вие може да го подобрите:
1. Мозокот
Антиоксидантите во какаото, наречени полифеноли, можат да придонесат за зголемување на протокот на крв кон мозокот. Ова, за возврат ќе ја подобри вашата меморија и концентрација.
2. Срцето
Епикатехинот е едно од соединенијата, поради што всушност темното чоколадо има свој горчлив вкус. Тоа сепак може да го намали крвниот притисок, а редовната консумација на одредено количество (околу 60 грама неделно) темно чоколадо може да го намали ризикот од мозочен удар за 20 отсто.
Продолжува на страна 2



















