3. Енергија
За подобрување на вашата енергија повторно е одговорно соединението епикатехин. Тоа влијае на функциите на клетките и на тој начин успева да ве тонизира. Темното чоколадо содржи уште кофеин и теобромин, кои исто така влијаат позитивно врз енергијата на човек. Колку е потемно е едно чоколадо, толку повеќе теобромин има во него.
4. Расположение
Мастите во какао путерот можат да го предизвикаат лачењето на ендорфин и мали количини анандамида. Анандамидата е мозочна хемикалија со слична акција како на марихуаната. За среќа, кај мрачното чоколадо сè е легално и безбедно.
5. Ослабување
Ова е можеби најдобрата вест за повеќето жени: според различни истражувања редовните обожаватели на темното чоколадо се послаби отколку луѓето кои се воздржуваат од конзумирање на чоколадо целосно. Сепак, не претерувајте со “чоколадната диета”.



















