Пофалници од Богдановиќ за Спировски и Дрмач од ООУ “Јохан Хајнрих – Песталоци”

510

Денеска во просториите на Опшптина Центар и званично градоначалникот Саша Богданивиќ им се заблагодари на тимот научници од ООУ “Јохан Хајнрих – Песталоци кои ја преставуваа нашата држва на 16-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Доха, и се вратија со медали.

По тој повод Богдановиќ истакна:

“На мое огромно задоволство, денес во мојот кабинет имав чест да им доделам Пофалници на нашите ученици од ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“, Никола Спировски и Стефан Дрмач за постигнатиот успех на 16-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Доха.

Во конкуренција на 409 натпреварувачи од 70 држави во светот, нашите ученици под менторство на наставничката Цветанка Илиоска ги освоија сребрениот и бронзениот медал. Искрени честитки за олимпискиот тим и благодарност за нашите млади амбасадори на образованието кои гордо ги бранеа боите на нашата земја.

Општина Центар и понатаму продолжува финансиски да ги поддржува учениците и преку програмите за стипендии за талентирани ученици да ги мотивира во нивните понатамошни натпреварувања.”

https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik