ООУ “Св. Климент Охридски“ с. Драчево, Кисела Вода

4314

Проект Erasmus + Game for SEL

Во периодот од 21-24 0ктомври 2025 година тимот од наставници во ООУ ,,Св. Климент
Охридски’’ с. Драчево, Кисела Вода реализираа проект подржан од Еразмус+
програмата заедно со тимови од Република Турција, Австрија и Франција.

Како домаќини на првата мобилност со одделенскиот наставник Тања Петков-
координатор,наставниците реализираа бројни активности: презентација на дигитална
игра за врсничко насилство-сајбер насилство на социјалните мрежи (подготвена на
порталот Genially).

Во соработка со Мак Петрол кои се креатори на платформата „Крени глас против врсничко насилство“ и нивниот претставник на тимовите им беа презентирани многубројни приказни од жртви на врсничко насилство покажувајќи ја целта која е охрабрување на учениците да пријават и побараат помош доколку се најдат во некоја слична ситуација.

Тимот од Македонија го претстави и Прирачникот ,,Не молчи-прекини го кругот! Стоп
за насилство! кој е изготвен од наставниците во нивните паралелки преку работилници кои помагаат за препознавање, спречување и надминување на врсничко насилство.

Прирачникот има ИСБН број и дозвола за печатење од Универзитетска Библиотека на
Република Северна Македонија и е во печатена верзија на македонски и англиски
јазик. Изготвен е и код преку кој училиштата и секој наставник можат да го користат во електронска форма.

Покрај бројните активности, тимовите – гости ги открија убавините на нашата земја (Скопското Кале, Старата чаршија, Матка, Охрид), а исто така ја вкусија и
традиционалната македонска храна.

Следните мобилности се во Франција, потоа Република Турција и Австрија.