Кога се во прашање сексот и врските, секогаш постојат неколку неодговорени порашања за кои немаме храброст да ги поставиме
Еве неколку одговори на некои скокотливи прашања:
Дали може да се развие страст спрема некој ако на прв поглед не постои хемија?
Ако партнерите се допаѓаат еден на друг, добро се забавуваат и имаат добар однос, од таква врска не треба да се откажувате, особено ако се‘ е на свое место освен сексот. Хемјата може да се развие со текот на времето, особено ако си дадете гвреме да научите едне од друг како да ги изразите вешите сексуални желби. Тоа е дури и подобар и подолготраен однос од оној кој започнува со страствен и див секс, затоа што откако ќе сфатите дека не сте еде за друг, првата работа која ја снемува е токму сексот.
Дали може со ист партнер да имате добар секс со години?
Апсолутно – но не се надевајте на секс како од филмови. Сексот во филмовите е романтичен и многу страствен: партерите се идеализирани, водат љубов секогаш кога ќе се видат, а возбудени се дури и пред да почне акцијата.
Во реалните врски сексот е прашање на интимност и сигурност, па не се одвива толку често како на филм.
Паровите обично многу брзо ги ускладуваат своите улоги кога е сексот во прашање колку трае предиграта, кои пози и слично. Исто така издвојуваат време за сексот, а идејата за спонтан секс е мит.
Поголемиот дел од паровите во долгите врски го планира сексот. Исто така паровите со добар сексуален живот знаат дека некогаш сексот е фантастичен, некогаш добар, а некогаш е катастрофа.
Важно е да не паничите и да бидет реалистични, затоа што еден лош секс не значи дека врската ви се распаѓа. Факт е дека добар секс ја зацврснува врската, а колку често го изнегнувате, толку потешко ќе ви биде да се вратите во форма.
Можеме ли да бидеме среќни и без секс?
Паровите кои уживаат во добар секс, имаат подобар однос, заедно се смеат, разговараат и се поопуштени. Освен тоа, помеѓу нив постојат повеќе физички допири и тоа ја поправа врската подобро од сите терапии. Но, за жал, тоа чувство трае отрилика 24 саати, па потребно е повторно да го обновите. Од друга страна, постојат жени на кои не им е до секс и многу бракови без секс, но сепак, убави, полни со љубов, дружење и посветеност. На жените во врските најчесто им недостига блискост, а не секс.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















