Библијата на Гутенберг проценета на 35 милиони долари

2108

Библијата на Гутенберг, позната и како Библија со 42 реда, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара напишана книга во светот, чии први копии, според некои, се печатени во 1454-1455 година.

Други, пак, веруваат дека за прв пат е отпечатена на денешен ден во 1452 година. Ова е прва книга некогаш отпечатена го симболизира почетокот на печатењето и моментот на револуционерна промена во историјата на комуникацијата.

Таа е отпечатена од Јохан Гутенберг од Мајнц во Германија и исто така се смета за најстара книга отпечатена со техника на подвижни букви, иако има примери во кои се вели дека има отпечатени книги на овој начин во Кина со векови порано, како во случајот со „Дијамантската сутра“.

Историчарите веруваат дека биле отпечатени 180 примероци од Библијата на Гутенберг, а познато е дека има 49 оригинални примероци, од кои 21 се комплетни. Со години не се продаваат копии. Експертите проценуваат дека тоа би достигнала бројка од 35 милиони.