Дали домашните миленици треба да се вакцинираат против коронавирус?

1107

Научниците велат дека можеби е потребно да се вакцинираат домашните миленици против вирусот корона, со цел да се спречи понатамошно ширење на оваа болест, пишува британски Гардијан.

Експертите од Универзитетот во Источна Англија, Институтот Ерлхам и Универзитетот во Минесота изјавиле дека пронашле докази за пренесување на вирусот од домашно милениче на човекот и претставува значителен долгорочен ризик за јавното здравје, според британскиот весник.

Гардијан пишува дека не е замисливо вакцинирање на некои домашни животински видови за да се запре ширењето на инфекцијата.

Здравјето на домашните животни и болестите што ги имаат, исто така, влијаат на здравјето на луѓето, како преку ограничувања на одредени извори на храна, така и преку можност само да пренесуваат болести, според британскиот весник.