7 начини на кои промената на времето влијае на вашето тело

68

Промената на годишните времиња е неизбежна, но температурните промени и влажноста не се пријател на вашиот организам.

Затоа со доаѓањето на есента веројатно ќе почувствувате некои промени во вашето тело, кои нема да ви се допаднат.

Убаво е да сте свесни за овие измени, за да ги преземете сите неопходни мерки и да се изборите успешно со недостатокот на тонус, енергија и непријатната поспаност.

Еве и што се случува кога ќе дојде есента и надвор ќе застуди.

Главоболка и мигрена

Почуствителните луѓе се соочуваат со непријатната главоболка. Ова се должи на промената на атмосферскиот притисок, недостатокот на сон и намалениот тонус. Можете да ги ублажите болките ако почнете да земате повеќе витамини и се обложите на овошјето и зеленчукот. Ако ја зголемите физичката активност, тоа ќе доведе и до подобра циркулација. Нема да е лошо и да се снабдите со некои лекови против главоболка. За целта консултирајте се со лекар.

Сува кожа

Секоја промена на годишните времиња се одразува на кожата. Дури и да нема сонце, сушењето останува како проблем. Пијте повеќе вода, за да се хидрира организмот и не ги пропуштајте кремовите за тело.

Недостаток на енергија и поспаност

Кафето помага, но сепак не е многу убаво да внесувате по цел ден кофеин. Повторно на помош доаѓаат витамините, здравата храна и движењето, кои ќе ве расонат брзо. Научете го телото на новиот есенски ритам – легнувајте си и станувајте во приближно во исто време, за да си го обезбедите потребниот 8-часовен сон.

Продолжува на страна 2