7 начини на кои промената на времето влијае на вашето тело

1358

Проблеми со дишењето

Тие не се типични само за луѓето со астма. Промената на притисокот и влажноста ја менуваат конзистенцијата на воздухот и дишењето за одреден период на време може да биде отежнато. Консултирајте се со лекар дали има потреба да земате било какви лекови.

Грип и настинки

Имунолошкиот систем најверојатно има потреба од малку поттик. Има еден куп имуностимуланси на пазарот, а освен тоа може да го засилите вашето тело со храна како мед, сок од лимон, зелен чај, ѓумбир, овошје, зеленчук и други.

Болки во зглобовите

Често старите повреди се хронични и се јавуваат кај студ и влага. Потрудете се да ги загреете болните места со лесни кружни движења пред да излезете надвор. Покријте ги добро со облека, за да не бидат изложени на директен студ. Ако има масти кои ви помагаат за олеснување на болката, не двоумете се да ги користите.

Косопаст и кршливи нокти

Сезонското паѓање на косата не е изненадување, кршењето на ноктите исто. Тоа се менува со прием на повеќе витамини, корисна храна и адитиви за соодветните проблеми.