Осаменоста го оптоварува имунолошкиот систем слично како и  хроничниот стрес

212

Новите истражувања ја поврзуваат осаменоста со бројни дисфункционални имунолошки реакции, што нè упатува на заклучокот дека осаменоста е  потенцијално штетна за здравјето.

Истражувачите откриле дека луѓето кои се осамени покажуваат знаци на поголема можност за активирање на латентниот (притаен)  вирус херпес. Исто така, произведуваат повеќе протеини поврзани со воспаление, како одговор на акутен стрес, отколку што се произведуваат од страна на луѓето кои се чувствуваат социјално поврзани.

Овие протеини предупредуваат на воспалението, а хроничните воспаленија се поврзуваат со многу болести, како коронарна срцева болест, дијабетес тип 2, артритис и Алцхајмерова болест, но и со  кревкоста и падот на функциите во длабоката старост. Реактивирање на латентниот вирус херпес се поврзува со стресот, што ни кажува дека осаменоста функционира како хроничен стресор,  кој предизвикува слаба реакција на  имунолошкиот систем.

“Јасно е што ни  покажува претходното истражување – дека односите  со лош квалитет се поврзани со бројни здравствени проблеми, вклучувајќи предвремена смртност и многу други форми на сериозни здравствени проблеми. А луѓе кои се осамени, секако, се чувствуваат како да се во лоша врска “, вели Лиза Jаремка, докторка на Институтот за истражување и бихевиорална медицина, на Универзитетот во Охајо и директор за истражување.

“Една од причините зошто е важно ова истражување е чекорот напред кон разбирање на тоа како осаменоста и меѓучовечките односи влијаат на општото здравје. Колку повеќе знаеме за процесот, толку е поголема веројатноста дека сакаме да се најдат начини за борба против овие негативни ефекти, а можеби и да се спречат. Ако не ги познаваме физиолошките процеси, како можете тогаш да ја промените? ” прашува Јаремка.

Продолжува на страна 2