Драматичните сцени од авион кој се тетерави под ударите на орканскиот ветер | Видео

72

Иако слетувањата по исклучително ветровито време не се невообичаени, скоро секоја снимка на голем патнички авион кој се “бори” со налетот на силен ветер привлекува внимание.

Најновото слетување доаѓа од островот Мадеира, чиј аеродром се наоѓа од едната страна во близина брег, а од другата во близина на ридски терен каде што лошите временски услови се чести.

На видео снимката се прикажани три драматични слетувања и едно полетување. Првиот авион со десно крило речиси ја допре пистата, но пилотот успеал да го “израмни” и, сигурно да го приземји.

Друг авион слетува во време кога налетите се толку силни што пилотот не сака да ризикува и во последните секунди се откажа од слетувањето.

Третиот авион, исто така, се пробивал низ бурата, но во овој случај, слетувањето било “најмирно”.

Четвртиот авион бил снимен по полетувањето и заради ветрот, исто така, опасно се занишал.

Инаку, пилотите кои летаат на Мадеира, заради теренот околу аеродромот мора да се подложат на специјална обука за да слетувањата и полетувањата бидат беспрекорни. Пистата таму во два наврати е продолжена поради сериозни несреќи, вклучувајќи и една фатална што се случила во 1977 година, кога авионот на ТАП кмпанијата излетал и удрил во мостот, при што загинале повеќе од 130 луѓе