Микроскопски фотографии ќе ве воодушеват | Овие прекрасни геометриски форми всушност се нашите солзи! Видео/Фото

352

Уметникот Морис Микерс го користи своето знаење и образование во природните науки, со цел од нешто сосема обично да создаде нешто прекрасно и посебно. Прво тој дипломирал на факултет и станал медицински биохемичар, а потоа ја посетувал Кралската Уметничка академија во Хаг.

Се заљубил во фотографија, па почнал и да експериментира со неа и да прави фотографии со електронски микроскоп. Под тој уред почнал да ги набљудува вообичаените секојдневни работи. Откако еден ден се расплакал сечејќи кромид, ја погледнал и солзата под микроскоп, и така тој создал серија на фотографии на The Imaginarium od Tears.

Постојат три типа на солзи – основни (оние кои постојано ја влажат површината на окото), рефлексни (заштитуваат од иритација и туѓо тело) и емоционалните, па Микерс ги замолил пријателите да ги задржат солзите кога ќе заплачат од било која причина.

Потоа ги оставил да се кристализираат при што се создале магични форми кои потсетуваат на снегулки. Микерс сакал, меѓу другото, да открие и колку се разликуваат различните видови на солзи.

Микерс минатата година објавил серија фотографии и открил дека секоја солза има своја уникатна форма. Погледнете го видеото и неговиот профил на Instagram, а на овој линк посетете ја неговата официјална веб-страница.