Црвената храна ќе ви помогне да ја одржите вашата убавина, младост и здравје

217

Освен според хранливата вредност и количината витамини која ја содржи, храната се вреднува и по бојата.

Рецепторите за вкус работат заедно и со рецепторите за вид и мирис, а визуелно привлечна храна може да ни биде многу повкусна отколку кога намирниците се само ставени во чинија.

Една од боите која е најпривлечна е црвената. Црвената храна ќе ви помогне да ја одржувате својата убавина и младост, но и здравјето.

Црвените намирници се добри во случаи на анемија и на слаба циркулација, но и за прочистување на телото од отрови. Во исто време, поради содржината на ликопен, ќе го заштити вашиот кардиоваскуларен систем.

Во својата исхрана редовно вклучувајте цреши, вишни, црвени пиперки, цвекло, ротквици, малини, домати, јагоди и за кратко ќе ги видите позитивните ефекти врз телото и здравјето. Ќе бидете поенергични, а и ќе се погрижите за подобра крвна слика.

Црвената храна е богата и со витамин Ц, кој освен што го подобрува имунитетот, има целокупен благотворен ефект врз кожата.