Драматична трансформација | Тинејџерка преполовена: “Имав 135 килограми, бев опседната со храна, а потоа сѐ се сврте”

11747

На 18-годишна возраст, Melissa Mouawad тежела 135 килограми и можела да носи само облека за бремени жени. Според австралискиот стандард, неја ја собирало во конфенциски број 24 (европски 52).

“Имав голема еластична лента на половината. Само така ми беше удобно”, изјави Mouawad за News.com.au. “Непријатно се чувствувам кога мислам на тоа, но немав избор”.

Тоа било тогаш. Mouawad во меѓувреме ја сменила својата исхрана и денес, како 29-годишна жена, има 70 килограми и носи конфекциски број 12 (европски 40).

Mouawad за News.com.au открива дека нејзиниот проблем со тежината започнал додека била девојче. Таа вели дека била опседната со храна. “Како дете знаев во мојата спална соба да носам храна за да можам да јадам подоцна. Секоја вечер јадев десетина крофни, брза храна, чоколади и газирани пијалаци”.

Mouawad, со помош на таква исхрана, брзо се здебелила и на возраст од 18 години имала 135 килограми. Лекарите ѝ кажале дека ќе мора да ги промени своите навики бидејќи, нејзината исхрана може да ја доведе во смрт.

“Кога моите доктори ми кажаа дека би можела да доживеам срцев удар и дека сум на работ на дијабетес, сфатив дека морам да се сменам”, рече таа. “Бев исплашена и одлучив да го променам мојот живот”.

Сепак, волјата е едно, а систематско губење на тежината е сосема нешто друго. Mouawad со години се обидувала со различни диети и планови за вежбање. Телесната тежина во текот на тоа време ѝ осцилирала, но пред пет години таа пронашла најдобар начин за губење тежина. Тој вклучува броење калории и контролирање на јаглени хидрати, протеини и внес на масти.

Продолжува на страна 2