
Mouawad сега селективно пости и јаде многу протеини и здрави масти, и ги дополнува со свежо овошје и зеленчук. Покрај тоа, Mouawad сега редовно вежба за да зајакне. “Почнав да вежбам во теретана и да контролирам она што јадам и килограмите едноставно почнаа да исчезнуваат”, објаснува таа. “Одев на часовите по фитнес во мојата облека за бремени. Бев во задниот ред и се обидував да го држам чекорот со останатите. Ми беше срам, но давав сѐ од себе.”
Mouawad вели дека многу бргу се префрлила во првиот ред на својата фитнес група. “Конечно стигнав и до вежбање со тегови. Сега сум поподготвена од било кога. Не можам да верувам дека моето тело може да се движи како што се движи сега”, додава таа.
И нејзината личност е променета, па вели таа. “Претходно бев срамежлива и затворена, немав желба никој да ме види. Сега сум самоуверена и среќна. Го сакам животот. Се чувствував одлично кога ја фрлив мојата облека за бремени. Сега можам да пазарувам каде што сакам”.

Mouawad се омажила минатата година во јуни за 30-годишниот Edward Mouawad. За сите оние кои сакаат да тргнат по нејзините чекори, Mouawad вели дека треба да се почне полека, бидејќи таквото губење тежина е одржливо. “Целосно ми се промени животот”.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















