2Be – Врати се

1746

Бендот 2Be ја промовираше и својата втора песна насловена „Врати се“. Овој пат самиот бенд се јавува како комплетен автор на песната.

Текстот е на Љупче Стојановски, додека музиката и аранжманот се на Тино Стојановски. Оваа песна е прва нивна авторска песна, иако претходно тие дебитираа на македонската сцена со синглот „100 песни“.

За оваа песна е снимен и видео запис на локации во Охрид и Битола, за кој се погрижија Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев и нивната Pinestel продукција.

2Be изминативе неколку години активно настапува во Скопје и други градови низ државата.

Членовите на бендот ни изјавија дека песната веќе некое време го чекала својот вистински момент, и ни најавуваат дека планираат да издадат нова музика во следната година.

Во продолжение можете да го погледнете видео записот за „Врати се“.