Постот открива изненадувачки антиинфламаторен сојузник

777

Гладувањето го штити телото од напад на воспаление, а научниците сега можеби конечно ќе имаат одговор зошто.

Во сложената одбранбена стратегија на телото, оркестрирана од нашиот имунолошки систем, се водат битки против воспалението, користејќи хемиски агенси и клеточни убијци за да се поправи штетата.

Сепак, нарушувањата во овој процес може да се појават поради различни фактори, вклучително и живеење на висококалорична западна исхрана, што го зголемува ризикот од воспалителни синдроми поврзани со бројни здравствени состојби.

Истражувањето донело резултати спротивни на очекувањата

Научниците од University of Cambridge ја истражувале врската помеѓу гладувањето и воспалението, обидувајќи се да ги откријат основните механизми што ги поврзуваат.

Во студијата во која учествувале 21 доброволец, од кои било побарано да јадат оброк од 500 калории, да постат 24 часа, а потоа да изедат уште еден оброк од 500 калории, примероците од крвта откриле зголемување на арахидонската киселина, маснотија која претходно била поврзана со воспаление, а не со тоа што го намалува ризикот од истата. Изненадувачки, се чинело дека постот всушност ги намалува нивоата на воспаленијаата, спротивно на очекувањата.

Ова дава потенцијално објаснување за тоа како промената на нашата исхрана – особено постот – нè штити од воспаление, особено штетна форма која е основа на многу болести поврзани со висококалорична западна исхрана, објаснува Clare Bryant, имунолог од University of Cambridge.

Понатамошните експерименти со култивирани клетки покажале дека арахидонската киселина ја намалува активноста на инфламозомот NLRP3, протеински комплекс кој предизвикува воспаление. NLRP3 инфламазомите служат како аларм кои го активираат имунолошкиот одговор на телото, потенцијално станувајќи премногу агресивни и долготрајни во случаи како западната диета.

Истражувањето поврзано со овие откритија е објавено во списанието Cell Reports.

Интригантни паралели со аспиринот

Откритието на британските научници повлекува интригантни паралели со аспиринот, за кој е познато дека е во интеракција со NLRP3, и ја истакнува улогата на воспалението во болести како што е Алцхајмеровата болест.

Она што стана очигледно во последниве години е дека особено еден воспалителен систем – NLRP3 – е многу важен во низа на големи болести, истакнува Bryant.

Додека новите наоди укажуваат на можна врска помеѓу постот и заштитата од дегенерација на мозокот, тие нагласуваат дека за да се потврди потребни се повеќе истражувања .

Сè уште е рано да се каже дали постот штити од болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, бидејќи ефектите на арахидонската киселина се само краткотрајни, но нашата работа додава на растечкиот број на научна литература што укажува на здравствените придобивки од ограничената внес на калории, вели Bryant на крајот.

Извор: Science Alert