Кај луѓе со дебелината е доволно да изгубат 5% од тежината за да добијат оптимални резултати за здравјето, покажуваат резултатите од истражувањето.
“Според ова истражување најдобри резултати за здравјето се добиваат со губење на 5% од телесната тежина”, потенцира д-р Самуел Клајн – директор на Центарот за исхрана при Универзитетот “Вашингтон” во Сан Луис, Мисури.
“Сегашните препораки за лекување на дебелината се намалување на тежината со 5 до 10%, но да се симнат 5% од тежината е многу полесно, па пациентите треба да се концентрираат на 5-те проценти”, објаснува тој.
Истражувањето покажува дека со намалување на тежината со скромни 5%, пациентите нагло го намалуваат ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни болести, а во исто време ја подобруваат метаболичката функција на црниот дроб.
При набљудување на волонтери кои симнале 5% од тежината се утврдило дека се подобрува лачењето на инсулин, одговорен за контрола на нивото на шеќер во крвта, како и намалување на вкупната маса масти во организмот, како и на мастите во црниот дроб.
Друга група доброволци продолжиле со слабеењето и симнале 15% од тежината. Кај нив всушност секрецијата на инсулин е подобрена уште повеќе, но подобар ефект врз мастите во организмот и црниот дроб не бил утврден спрема првата група испитувани пациенти.



















