Луѓето родени во летните месеци се посреќни, велат астролозите.
Истражувачите ги прашале луѓето како се чувствуваат на нивниот роденден, а 15.000 од нив дале одговори.
Резултатите покажаа дека луѓето родени на 28 јули се најсреќни и дека животот секогаш им дава повеќе од другите. Луѓето родени во лето се подобро расположени, покажа истражувањето.
Дури 60% од луѓето родени во јуни со нетрпение го очекуваат својот роденден, во споредба со 59% од родените во јули и 53% родени во август, ова го потврдија и астролозите.
Спротивно на тоа, родените во зима се повеќе склони кон депресија. Според статистичките податоци, 16 декември е дефинитивно најдепресивниот ден во годината што се должи, пред сè, на временските услови и студот.