Медитеранската исхрана го намалува ризикот од рак на дојка

161

Научниците од Универзитетот во Мастрихт ги анализирале податоците на 6 2000 жени над 20 години.

Тие утврдиле дека медитеранската исхрана го намалува ризикот од ER -негативен рак на дојка во постменопауза со 40%.

Овој вид на рак на дојка почесто доведува до фатален исход во споредба со останатите, пишува “Дејли мејл”.

Медитеранската исхрана вклучува големи количини овошје и зеленчук, ореви, мешунки, житарици, умерено количество риба и маслиново масло. Диетата го ограничува лебот, црвеното месо и слатките работи, како и алкохолот, кој сам по себе го засилува ризикот од рак на дојка.

Истражувачите утврдиле дека медитеранската исхрана ги штити учесниците од ER-негативен рак на дојка во постменопауза.

Таква зависност не е утврдена за ER-позитивниот рак на млечните жлезди.