Алергичарите и астматичарите треба да обрнат посебно внимание ако нивните вентилатори се вклучени цела ноќ.
За време на топол бран, многумина од нас ги држат своите вентилатори да работат ноќе за подобро да спијат.
Иако вентилаторите се идеален начин за разладување на просторот за краток временски период, можат да имаат негативно влијание врз здравјето доколку работат цела ноќ.
Ова е особено се однесува на алергичари и астматичари затоа што вентилаторот не го врти само воздух, туку и поленот и прашината во домот, пишува Daily Mail.
“Погледнете внимателно во вашиот вентилатор. Ако собрал прашина на сечилата, тие честички летаат низ воздухот секогаш кога ќе го вклучите”, вели британски консултант за спиење.
Понатаму, ладењето цела ноќ со вентилатор може да има и негативни последици врз кожата, односно може да ја исуши, исто како и устата ако ви е отворена додека спиете. Поради студениот воздух, можете да се разбудите скочанети, особено ако вентилаторот ви дува кон лицето и вратот.
„Концентрираниот ладен воздух може да ги затегне и да ги грчи мускулите“, велат експертите.