Крем супа со домати (посно)

4809

Состојки

  • 200 г шампињони
  • 200 г буковки
  • 5 дл сок од домати
  • 7 дл супа од зеленчук
  • 1 главица кромид
  • 50 г целер
  • 1 дл павлака за готвење
  • мешавина од зачини
  • масло, бибер

Подготовка

  • Шампињоните и буковките се сечат на листови, кромидот на коцки, а целерот се ренда.
  • На малку зејтин се пропржува кромидот, па се додаваат буковките и целерот и се продолжува со динстање со повремено долевање на вода додека печурките омекнат.
  • Потоа се додаваат шампињоните и тие кратко се динстаат.
  • Се долева мешавината од супа од зеленчук и сок од домати, се додаваат зачини по желба и се вари на умерена температура.
  • Во готовата супа се меша и павлаката за готвење.