Лекции од животот кои можете да ги научите од своите деца

31

Децата знаат да уживаат во секој момент од животот. Следете го нивниот пример затоа што од нив можете да научите важни животни лекции.

Успорете

Бебињата и малите деца често се движат споро. Наместо да очекувате да го фатат вашиот ритам и забрзаат, адаптирајте се на нивниот. На тој начин ќе се опуштите и поблаго ќе гледате на сопствените очекувања, предвидените рокови и планови, кои најчесто се непотребни.

Помалку листи „да се направи“

Животот поминува додека ние планираме. Децата не потсетуваат дека треба да ја задржиме флексибилност и да останеме отворени за можностите, кои ни ги пружа животот, а кои често не ги забележуваме држејќи се за плановите.

Обрнете внимание

Чудата се случуваат секој момент. Децата се присутни во моментот и затоа можат да ги забележат. Возрасните често се заробени во своите мисли и навики и многу често се слепи за благословите кои се одвиваат пред нивните очи.

Одвојте време за игра

Колку повеќе старееме, се помалку си играме. А играта е форма на терапија. Време кога можете да се препуштите на забави и мечтаења. Затоа секој ден најдете врме за игра или уште подобро за играње со децата.

Уживајте во моментот

Токму сега. Во него живеат детските мисли и емоции. Не дозволувајте минатото или иднината да ви ја украдат таа убавина.

Смејте се често

Децата се смеат неспоредливо повеќе отколку возрасните. Не го фаќајте животот пресериозно.

Секој ден излегувајте надвор

Природата може да биде исцелувачка гозба за вашите сетила. Набљудувајте ги децата кога се надвор. Тие ја забележуваат секоја ситница, секој звук, поглед, мирис.

Спиење

Одете рано на спиење и будете се рано.

Продолжува на страна 2