Зошто мажествените и силни жени речиси секогаш се сами?

760

Повеќето мажи сакаат грижливи и сочувствителни жени.

Тие не сакаат партнерки кои имаат премногу машка енергија што ја затскрива нивната, а денес постојат многу вакви жени. Ако и вие спаѓате во оваа група, веројатно се прашувате зошто често завршувате сами.

Причината што сте сами е тоа што вие ја носите вашата кариера во спалната соба. Ја носите кариерата во светот на состанувањето и премногу ги испрашувате мажите со коишто се гледате.

Ако сте жена со силна волја и силен ум, тоа е одлично. Бидете горди на себе и на вашите достигнувања. Самите сте ја изградиле вашата кариера и сè што имате, го имате поради вашиот труд. Но многу жени како вас всушност сакаат алфа маж. Маж кој е силен, но не можете да го најдете, а сигурно се прашувате и зошто.

Силниот мажествен маж сака женствена жена. Сака жена што ќе направи да се чувствува како нејзин крал. Можеби денес сте покориле 14 други мажи на работното место, но кога ќе се вратите дома немојте да го напаѓате и вашиот партнер. Дозволете му да се почувствува како маж и дозволете му понекогаш да се грижи за вас. Воопшто нема да се чувствува добро доколку се однесувате со него како со мажите во вашата канцеларија.

Па доколку имате став дека можете да направите сè и дека не ви е потребен маж, можеби треба да промените нешто. Вие сепак сакате да имате некој во вашиот живот. Сакате да имате силен партнер кој ќе ве заштити и потребен ви е маж. Но секогаш завршувате со некој што не го сакате бидејќи силните мажи не сакаат да ги потценувате. Силниот маж ќе ја сака вашата мажествена енергија во текот на денот, но барем навечер покажете ја вашата нежна страна и дозволете му да ве прегрне.

Во животот најважното нешто е енергијата, а кај неа секогаш треба да има рамнотежа. Две мажествени енергии не можат долго да опстануваат една покрај друга. Бидете силната жена на професионално поле, но кога ќе се вратите дома спуштете го штитот, бидете ранливи пред партнерот и можеби ќе го најдете мажот што од отсекогаш сте го посакувале.