И Мерил Стрип има своја диета

1305

Кинокралицата Мерил Стрип импресионира – и со талент и со визија и со карактер!

Зад тоа сепак сигурно стоi железна дисциплина. Еден дел од дисциплината е одржувањето на совршена фигура.

Актерката се доверува на неколку едноставни принципи за да ја постигне – јаде многу овошје и зеленчук, јаде често риба, од време на време малку месо, ги избегнува мастите, спие доволно, и најважно – пие многу вода и билни чаеви.

Еве ја нејзината 7-дневна диета:

Прв ден

Појадок: 1 чаша чај или безкофеиново кафе
Ручек: 2 варени јајца и 1 домат
Вечера: 200 г риба (печена или варена) и зелка салата со маслиново масло и лимонов сок

Втор ден

Појадок: 1 чаша чај или безкофеиново кафе, 1 двопек
ручек: 200 гр телешко месо (печено или варено) и зелка салата
Вечера: 150-200 г бело пилешко месо, 1 чаша нискомаслен јогурт или чаша ајран

Трет ден

Појадок: 1 чаша чај или безкофеиново кафе, 1 двопек
ручек: зелка салата, 1 домат
Вечера: 150-200 г бело пилешко месо, овошна салата (дозволени се сите плодови, без банани) и 2 варени јајца

Четврти ден

Појадок: 1 чаша чај или безкофеиново кафе, 1 двопек
Ручек: 100-150 г бело нискомаслено сирење, 1 варено јајце и 1 морков (суров или варен)
Вечера : овошна салата (овошје по избор, без банани) и 1 чаша нискомаслен јогурт

Петти ден

Појадок: 150-200 г бело пилешко месо и 3 моркови
ручек: 200 г печена риба и 1 домат
Вечера: 200-300 г бело пилешко месо

Шести ден

Појадок: 1 чаша чај или безкофеиново кафе, 1 двопек
Ручек: 200 г печено пилешко месо без кожа и 1 цитрусен плод
Вечера: 2 варени јајца и 3 моркови

Седми ден

Појадок: 1 чаша чај или безкофеиново кафе, 1 двопек
Ручек: 200 гр бело пилешко месо и 1 цитрусен плод
Вечера: 150-200 г риба, 2варени јајца и зелка салата.