Лекции од животот кои можете да ги научите од своите деца

1308

Совршенство не постои

Станот никогаш нема да ви изгледа целосно онака како што сте го замислиле, но децата знаат како да уживаат во креативен хаос. Опуштете се и верувајте им како да се најдобри дизајнери на ентериерот, кои ќе ви го разубават животниот простор.

Научете нешто ново

Децата континуирано учат, така се развиваат и растат.

Направете го првиот чекор

Постои време за сигурност, но и време за отфрлање на граници и преземање ризик. Децата се храбри.

Станете откако сте паднале

Не размислувајте за неуспехот. Станете брзо, во спротивно никогаш нема да научите да одите.

Ценете ги малите работи

Научете да уживате во секојдневните мали подароци.

Вашето време е поважно од која било играчка

На децата најважно им е квалитетно време, кое ќе им го посветите, нешто што ниту една играчка не може да го надомести. Тоа воедно е и лекција да си посветите самите на себе квалитетно време.

Повеќе разбирање, помалку осудување

Децата лесно прифаќаат се, токму такви какви што сте, без „етикети“, вина, осудување. Учете од нив како да се ослободите од внатрешниот критичар и од осудувањето на туѓи постапки и вредности.

Во ред е некогаш да зависите од други

Добро е кога се знае дека секогаш имате некој од кој можете да побарате помош кога ви е потребно.

Прегратката е исцелувачка

Не постои подобар начин за олеснување на болката од утехата од саканите личности.