Дали во време на коронавирус посигурно е гушкањето или ракувањето

441

Д-р Марк Ван Ранст, епидемиолог од универзитетот во Белгија, тврди дека гушкањето е побезбедно отколку ракување во време на коронавирусот, пренесува „Мирор“.

Во многу земји ширум светот, мерките се опуштени и ефектите на коронавирусот се намалени.

Експертот од Белгија смета дека откако ќе се укинат мерките и кога животот ќе се врати во нормала, можеби побезбедна опција за поздравување би било да се гушка.

Д-р Марк Ван Ранст, епидемиолог од Универзитетот во Белгија, тврди дека контактот од кожа на кожа е најопасната варијанта на поздравување.

– Ако ме прашате, на луѓето им е дозволено да се гушкаат. Ако зборуваме за контакт кожата-на-кожа, тоа го зголемува ризикот од ширење на вирусот. Само помислете, рацете доаѓаат во контакт со другите и надворешното опкружување, што ја зголемува можноста вирусот да се шири – објаснува тој.

– Треба да продолжите да избегнувате да се ракувате со голем број луѓе, како што се случува, на пример, на конференциска маса. Сепак, јас не советувам да го заменам со гушкање. Задржете прегратка за луѓето со кои сте особено блиски – открива д-р Ван Ранст.

Сепак, не сите се согласуваат со мислењето на епидемиологот од Белгија и тие веруваат дека е важно да се продолжи да се одржува растојание со луѓето.