Еве зошто планинарењето треба да се воведе како предмет во основните училишта

1267

Погледнете околу себе. На улица, во јавниот превоз. На шалтерски редови, трпезариските маси. Во рестораните и парковите. Во училишните клупи. Па дури и на најинтимните места како што се тоалетите или постелата. Што гледате? Така е: екранот на вашиот андроид, таблетите или лаптопите.

А, сега исклучете го екранот, пронајдете го вашиот одраз во него и обидете се да се вратите во детството кога стекнувавте пријатели во парковите и училишта.

Во годините што дојдоа вртологот на модерното време го однесе со себе сето она што дотогаш важеше за нормална и посакувана појава во општеството, ги одзеде од детските раце стапот, ластикот, топката, туркајќи им наместо нив андроди и други паметни уреди и ги убеди дека со нив подобро ќе си играат.

Игрите се претворија во дигитално насилство и неодговорно однесување. Децата често се себични, разгалени и другарите ги избираат спроед тоа каква облека носат и кој модел на телефон го поседуваат. А друштвото и другарувањето ја изгубија својата изворна вредност и значење. Меѓу стотици и илјади „пријатели“ на социјалните мрежи никогаш не сме се чувствувале поосамени.

Но, за нашите деца се уште не е доцна. Свртете ги кон природата и планината.

На планина сите се еднакви

  • Таму нема место за статусни симболи. По престојот во природа, пријателствата повеќе нема да се мерат според моделот на телефонот или дали патиките се нови или износени, туку по тоа кој кому пружа рака кога треба да се качиме на некоја карпа и по тоа колку насмевки и чувство на среќа предизвикува некоја иста цел – на пример погледот од врвот.

Другарските „врски“ ќе станат нераскинливи

  • Сетете се на чувството на приврзаност кога првпат во училишниот двор ќе ви пријде другарче и ќе ве понуди со ужина. А сега двојно зголемете го тоа чувство, кога децата на пат кон планина делат храна, вода, го вложуваат истиот напор и заедно доаѓаат до целта – врвот на планината.

Продолжува на страна 2