Avalon International Booking со задоволство споделува дека една од најголемите летни концертни сезони во историјата на Македонија, која започнува со концертите на Black Coffee и Duran Duran, ќе биде заокружена со концерт на моментално најголемата и најатрактивна нова македонска музичка ѕвезда, YOUNG DADI, со негов голем концерт на 12 септември во СЦ Јане Сандански!
Публиката ќе има можност да проследи целосно ново концертно доживување:
YOUNG DADI ќе настапи во живо придружуван од бенд, на продукциски и визуелно збогатен мултимедијален спектакл кој ќе ги спои сите негови најголеми хитови, специјални гости и нова креативна визија;
Најдоброто од YOUNG DADI допрва доаѓа.
Нови песни, нови проекти и уште поголеми предизвици се на хоризонтот.
Специјално за оваа пригода, на сцената ќе му се придружат и гости кои биле дел од неговото музичко патување уште од самите почетоци, пријатели и соработници од целиот регион кои низ годините оставиле свој печат во неговата кариера.
Со својата автентичност, препознатлив стил и серија хитови, Young Dadi успеа да стане миленик кај публика од сите возрасти, од најмладите, па сѐ до оние кои внимателно ја следат домашната музичка сцена со години.
Неговиот мегахит „Лидија“, кој веќе брои милионски прегледи, се претвори во вистински музички и културен феномен, потврдувајќи го статусот на YOUNG DADI како еден од највлијателните и најслушани нови македонски артисти во моментов.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (3 јуни) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
Повеќе информации за влезниците и нивните категории и цени ќе бидат објавени утре на нашите социјални мрежи.
Avalon International Booking



















