Еве зошто планинарењето треба да се воведе како предмет во основните училишта

1738

Децата ќе научат да се соочуваат со препреките во животот

  • Кога со ранец на грбот, на минус степени, по снег, мраз и дожд, тие ги уриваат своите психички бариери за успешно да ги совладаат физичките препреки, исто однесување ќе применуваат и понатаму во животот. Со текот на времето кога ќе пораснат пропорционално планинарските предизвици ќе станат поголеми и потешки, а тие ќе можат се подобро да се носат со животот.

Тие ќе станат поодговорни

  • Планинарењето бара дисциплина, како на телото, така и на умот. Наместо викендот да спијат до пладне, а потоа од лежечка да се преместат во седечка положба пред компјутерот, тие ќе научат да стануваат рано, а претходно сами да си го спакуваат планинскиот ранец и да легнат на време. Ќе го почитуваат и туѓото време и заедничкиот договор.

Ќе бидат поздрави

  • Планинарењето убедливо е најздрава физичка активност, а фактот дека се одвива во природа на најубавите места, кои можеме да ги замислиме, уште повеќе му дава значење. Планинарењето ќе направи вашето дете да потроши од 350 до 800 калории за еден час во зависност од неговата тежина и темпото со кое се движи. А просечната планинарска тура не трае помалку од четири часа.

Намалување на насилството во училиштата

  • Можеби „храбро“, но сепак точно тврдење. Планинарењето е активност која во одредена мера ги елиминира потребите да бидеме посилни во однос на другиот и да го совладаме. Ако воопшто може да се одреди целта на планинарењето, а тоа секако не е само стигнување до врвот на планината, туку пред се да научиме да уживаме во пределите кои не опкружуваат, да ги совладуваме природните препреки, но и сопствените слабости. Кога децата заедно работат на совладување на сопствените слабости воедно го зајакнуваат и другарството.

Продолжува на страна 3