Еве зошто планинарењето треба да се воведе како предмет во основните училишта

1738

Учење на носење исправни одлуки во вистински момент

  • Да се вратиме на претпоставката дека целта на планинарењето не е секогаш да се стигне до врвот на планината. Планината го има последниот збор и нејзините закони мораат да се почитуваат. Некогаш лошите временски услови ќе ја одвратат екипата на мали планинари во нивната намера да дојдат до врвот, а тие ќе научат дека тоа не е пораз, туку напротив, способност да се донесуваат исправни одлуки кои нема да го загрозат нивното здравје.

Децата ќе станат систематични, трпеливи во домашните и училишните обврски

  • Зарем не е така? Од својот искусен водич, а со текот на време и самите ќе стекнат искуство околу организирање акции и претходни подготовки. Самото одење на планина бара испитување на теренот кој се планира да се посети, планирање алтернативни рути, начинот на хидратација, доколку нема изворска вода за пиење, пакување опрема, што понекогаш претставува уметност и многу други работи. Кога ќе дојде ред да се напише домашната или да се средат играчките, тие тоа ќе го направт со дисциплината, кои ја стекнале благодарение на планинарењето.

Децата ќе станат поснаодливи

  • Тие ќе научат да палат оган, да прочистуваат вода од извори со сомнителен квалитет, ќе научат да се ориентираат во природата. Треба ли да се зборува за нивната свест за зачувување на планината и целокупанта животна средина која ќе се подигне на повисоко ниво? Ќе учат за природата и од природата.

И што е најважно…

Ќе станат подобри луѓе

  • Кога ќе се најдеме во природа, во овој случај на планината, која го има последниот збор, дури тогаш разбираме колку сме мали. Кога човекот ќе се врати во природата, тој ракува самиот со себе. Чувството на духовно задоволство кои ги надминува потребите за материјалното, ги менува вашите деца од корен. Во градот може да видите многу „важни“ луѓе во фотељи, чие его е поголемо од самата планина. Но, изгледа дека егото не опстојува на повеќе од 500 надморска височина.

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ