Вестите не се многу добри. Како што се испостави, можеби значително ги потценивме емисиите на водород.
Според новата студија објавена во списанието PNAS, нивото на молекуларен водород (H2) во атмосферата се зголемило во последно време – поради човечка активност.
Кога научниците ги анализирале примероците на воздухот заробени во издупчените јадра на антарктичкиот мраз, откриле дека атмосферскиот водород се зголемил за дури 70% во текот на 20 век, пишува Science Alert.
Дури и кога неодамнешните закони за загадувањето на воздухот се обидоа да ги ограничат емисиите на фосилните горива, емисиите на водород продолжиле да се зголемуваат без знаци на забавување. А постои и можност дека за тоа е виновно – истекувањето.
“Hycean” (hydrogen + ocean) planets could harbour life in vast oceans under atmospheres dominated by molecular hydrogen and water vapour, say astronomers.https://t.co/XtgCRDDnFn
— Physics World (@PhysicsWorld) September 8, 2021
Нивото на водород може да ја наруши климата
Молекуларниот водород е природна компонента на нашата атмосфера поради распаѓањето на формалдехидот, но исто така е нус-производ од согорување на фосилните горива, особено од издувните гасови на автомобилите и согорувањето на биомасата.
Иако водородот сам не ја задржува топлината во атмосферата, индиректно може да влијае на распределбата на метанот и озонот. По јаглерод диоксидот, ова се двата најважни стакленички гасови, што значи дека глобалното ниво на водород може да ја наруши климата.
Сепак, атмосферските извори на водород ретко се изучуваат. Ние дури немаме добра проценка за тоа колку луѓето го испуштале од индустриските времиња.
Тековната студија е прва што нуди солидна бројка. Помеѓу 1852. и 2003 година, примероците на воздух од Јужниот Пол на Антарктикот покажуваат дека атмосферскиот водород скокнал од 330 делови по милијарда на 550 делови по милијарда.
„Воздухот кој старее е заробен во повеќегодишен куп снег над мрзнатата плоча, а земањето примероци нѝ дава многу точен приказ на составот на атмосферата со текот на времето“, објаснува научникот за Земјата John Patterson од Универзитетот Калифорнија Ирвин.
Earth system scientists at UCI studied air trapped in compacted layers of Antarctic ice and snow to come up with some answers and a few new questions about the amount of molecular hydrogen in our planet’s atmosphere. https://t.co/0Z6vELqi7L
— MessageToEagle.com (@messagetoeagle) September 11, 2021
Истекување на водород од индустриските процеси
Вестите не се многу добри. Како што се испоставило, можеби значително ги потценивме емисиите на водород. Некои емисии од издувните цевки се ублажени во последниве години со употреба на каталитички конвертори, а идеално би било да се намалат и емисиите на водород.
Како и да е, нивото на водород продолжило да расте во атмосферата, речиси континуирано. „Веројатно ги потценуваме не-автомобилските извори на гас“, вели Патерсон.
Наместо тоа, мора да има друг брзорастечки извор што го неутрализира нашиот напредок во автомобилската индустрија, само што никој се уште не знае од каде доаѓа.
Ова не е единствениот сет на податоци што идентификува такво несовпаѓање. Претходните истражувања, исто така, покажале постојано зголемување на водородот од 2000. и 2015 година, за разлика од трендовите во другите форми на загадување на издувните гасови.
Што се однесува до емисиите предизвикани од човекот, се смета дека емисиите на водород доаѓаат главно од автомобилските издувни гасови, но истекувањето на водородот од индустриските процеси ретко се зема предвид.
Neoteric atmospheric chemistry research (ice cores) reveals molecular hydrogen (H2) in lower atmosphere increased 70% over the past 150 years: it is a byproduct of fossil fuel combustion, biomass burning & the oxidation of methane (natural hydrocarbon emissions added to this) pic.twitter.com/3VNs7G3KQB
— George William (@GeorgeW78246413) September 10, 2021
Во потрага по мистериозен извор на водород
Никој директно не измерил колку водород протекува од овие процеси, но првичните проценки укажуваат дека тоа би можело да биде значително. Стапката на истекување од 10% помеѓу 1985. и 2005 година би предизвикала околу половина зголемување на неодамнешните емисии на водород, проценуваат истражувачите.
Сепак, тие не можат да бидат сигурни дека водородот доаѓа оттука – емисиите на водород при согорување на јаглен исто така се недоволно проучени – но авторите велат дека вреди да се истражи повеќе, особено со оглед на процесите на зелен водород, кој го одделува водородот од водата за да создадат енергија без јаглерод, исто така, може да резултира со значително истекување ако се зголемат еден ден.
Ова не е нова грижа. Ова е загриженост која научниците ја истакнуваат со години. Доколку еден ден протече водород од индустриските постројки на водороден гас, експертите се загрижени дека може да го продолжи животниот век на метанот во нашата атмосфера, гас со ефект на стаклена градина 20 пати помоќен од јаглерод диоксидот.
Иако, дури и со мал процент на протекување, глобалната економија на водород најверојатно ќе има многу помалку влијанија врз климата отколку нашиот постоечки енергетски систем базиран на фосилни горива, проценуваат истражувачите.
Научниците сега бараат мистериозен извор на водород што се чини дека цело време минувал под нашиот радар. Ако барем дел од ова се покаже како истекување, иднината на зелениот водород може да има проблем што треба да се реши.



















