Работи кои среќните мајки не ги прават

171

Мајчинството е една од најубавите работи кои можат да и` се случат на една жена. Иако понекогаш знае да биде многу тешко, секоја жена ужива да биде мајка.

Организирањето на времето и просторот може да биде тешка задача, кога една жена треба да се грижи за повеќе животи. Но, вистината е дека среќната мајка расте среќно дете. Прочитајте кои работи среќните мајки никогаш не би ги направиле!

Не се оценуваат себеси според тоа што го мислат другите

Секогаш постојат луѓе кои сметаат дека сè најдобро знаат и постојано делат совети за начинот на исхрана на детето, за облекувањето, воспитувањето, негувањето итн. Но, среќните мајки не дозволуваат забелешките од овој тип да им предизвикаат чувство на вина и на момент да помислат дека се лоши мајки. Секоја мајка е најдобра за своите деца и нормално е понекогаш да се направи некоја грешка. Среќните мајки не се обидуваат да одговорат на туѓите очекување, туку го прават тоа што сметаат дека е најдобро.

Не забораваат на светот околу нив

Среќните мајки не се изолираат откако ќе се роди детето. Тие не забораваат на својот социјален живот и на блиските пријатели. Иако постојано се грижат за своето дете, тие одвојуваат време и за себе, за малку забава и разговор со пријателките. Тие знаат дека не прават ништо лошо или страшно ако детето го остават час-два со таткото или со бабата и дедото.

Не очекуваат нивниот дом да биде совршено уреден

Тие знаат дека кога имаш дете не можеш да имаш идеално среден и чист дом. Децата знаат да бидат немирни и постојано играат, со што прават нереди низ домот, расфрлаат играчки, ронат трошки, чкртаат по ѕидовите и слично. Среќните мајки се свесни дека децата можат и најуредениот дом да го претворат во тотален хаос за многу кратко време. Затоа, тие не се оценуваат себеси според тоа како изгледа нивниот дом.

Не ја оставаат приказната недочитана за да довршат други обврски

Среќните мајки секогаш најпрвин мислат на своите деца, па затоа не се вознемируваат доколку имаат оставено садови во мијалникот или исушени алишта кои треба да се соберат. Тие своето дете секогаш го ставаат на прво место.

Не забораваат на своите интереси

Секоја среќна мајка има свое хоби и интереси со кои успева да се релаксира и заборави на останатиот свет. Без разлика дали се работи за читање книга, трчање, градинарство, готвење и слично, таа секогаш одвојува време за да ужива во тоа што сака да го прави.

Најважно од сè е дека среќните мајки никогаш не се споредуваат себеси со другите мајки. Тие се прифаќаат такви какви што се и го сакаат својот живот. Тие се свесни дека мајчинството знае да биде тешко, но уживаат во секој ден со своите деца. Исто така, тие секогаш им помагаат на другите мајки и никогаш не зборуваат лошо за нив. Бидете и вие среќна мајка и уживајте во секој момент поминат со вашето дете!