Универзална употреба на сода бикарбона

424

Овој бел прашок покрај тоа што можете да го применувате во готвењето, постојат и голем број на други примени коишто ќе ви го олеснат животот.

Сода бикарбоната можете да ја користите и за нега и разубавување, за одржување на домот, за отстранување на непријатни мириси и слично.

Дознајте за поголемиот дел од начините за употреба на сода бикарбона!

Корисна за облеката

Употребата на сода бикарбона (растворена во вода) директно на облеката или во машината за перење алишта може да помогне за:

  • Отстранување на непријатни мириси и омекнување на облеката
  • Отстранување на жолтите дамки од облеката и долната облека
  • Отстранување на дамки од јаки и манжентни
  • Подобрување на детергентот или прашокот за перење кога се пере во машината за перење алишта
  • Отстранување на дамки од овошје и вино
  • Отстранување на масни дамки
  • Отстранување на дамки од мастило

Одлична употреба во кујната

Сода бикарбоната е ефективно и природно средство за чистење. Доколку се стави на сунѓерот или крпа за чистење може да помогне за:

  • Чистење на микробрановата печка и обичните печки
  • Отстранување на масни дамки од дрвени површини
  • Дезинфекција на даската за сечкање
  • Чистење на различни копчиња и други елементи од кујната без отстранување на бојата или индикаторите
  • Чистење на стаклените елементи во кујната
  • Отстранување на дамки од чај и кафе
  • Отстранување на пестициди од овошјето и зеленчукот
  • Чистење на внатрешниот дел на ладилникот
  • Одржување на тенџерињата и другите садови за готвење
  • Отстранување на храната од тавите

Совршена за чистење на куќата

Растворете сода бикарбона во вода и ќе добиете средство за чистење за повеќе намени. Растворот можете да го ставите и во шише со спреј или едноставно да го ставите на крпа или сунѓер. Помага за:

  • Чистење на секаков накит, сребрен, метален итн.
  • Дезинфицирање на бањата
  • Отпушување на цевките
  • Отстранување на дамки од дрвен мебел
  • Чистење на стакло и кристали
  • Отстранување на дамки од мастило, маркери и бои
  • Чистење на бели патики
  • Чистење на играчки
  • Отстранување на рѓа од метален алат
  • Чистење на пегла за алишта

Одлична за отстранување на мириси

Сода бикарбоната ставете ја на материјал или едноставно ставете ја во мала шолја и таа ќе:

  • Отстрани мириси од рацете
  • Отстрани мириси од ладилникот и микробрановата печка
  • Отстрани непријатни мириси од кантата за ѓубре
  • Отстрани непријатен мирис од чевлите
  • Спречи мирис во куферите
  • Направи убаво да мириса во автомобилот

Главна состојка за готвење

Сода бикарбоната можете да ја користите и за готвење особено за:

  • Омекнување на говедско и пилешко месо
  • Поубаво пире
  • Неутрализирање на киселоста во сокот од портокал
  • Одржување на белата боја на карфиолот
  • Отстранување на вишокот оцет и неговиот мирис
  • Спречување на млекото да се скиселува

Како лек

Растворете ја содата во вода и пијте ја како топол напиток или за плакнење на устата.

Овој раствор помага за:

  • Изгорен јазик
  • Затнат нос
  • Подобро варење на храната
  • Намалување на гасови кои се последици од одредена храна
  • Смирува иритација и чешање предизвикано од сипаници
  • Намалување на болки во зглобовите

Најдобра грижа за оралното здравје

Доколку растворот од сода бикарбона го користите за плакнење на устата тогаш:

  • Го отстранувате лошиот здив
  • Го подобрувате здравјето на непцата
  • Ги намалувате воспаленијата на непцата
  • Ги избелувате забите
  • Лечи рани во устата и испукани делови околу неа

Најдобар пријател на кожата и косата

Содата можете да ја користите и за:

  • Да спречите иритација по бричење
  • Отстранување на првут
  • Отстранување на токсините од кожата
  • Да ја миете косата без шампон
  • Понежна кожа на колената и лактите
  • Може да се користи и како скраб за лице и тело