Jапонска тајна за беспрекорна убавина

139

Постојат нации кои едноставно немаат дебели луѓе поради тоа што, со текот на годините, научиле што е добро за нивното тело и ум.

Затоа, ви нудиме 5 тајни од Јапонците кои ќе ви помогнат да ги смените лошите навики во исхраната и да ослабете без ригорозни диети.

Тајна бр. 1 – Јадете со очи

Јапонската храна не се служи на повеќе малечки чинии со слатки декорации без причина. Со убавата презентација и декорација најпрво им приредувате гозба на очите, а потоа полека се префрлате на уживање во секој залак. Со тоа му давате на мозок време да препознае кога сте сити и ве спречува од прејадување. Кога храната се сервира во големи чинии, луѓето јадат 45% повеќе отколку што навистина им е потребно.

Тајна бр. 2 – 80% сити

Ова значи дека треба да јадете се додека не постигнете 80% ситост. Оваа појава се нарекува Хара Хачибунме и е еден од најдобрите начини да ја контролирате количината на храната што ја внесувате. Ако сте јаделе бавно, мозокот ќе има шанса да го потсети желудникот дека е сит; затоа не заборавајте и да џвакате бавно.

Тајна бр. 3 – Над 5 пати дневно

Јапонската диета во голем дел се состои од зеленчук; тие служат по 4-5 парчиња зеленчук во еден оброк. Секако, нивниот зеленчук е поспецифичен, но може да се најде секаде: шитаке печурки, бела ротквица, морски алги, па дури и соја и се приготвуваат без употреба на масло, што е одлично за линијата. Јапонците јадат по околу 100 различни видови зеленчук неделно, за разлика од 35-40 вида во западните култури. Вклучете разни видови на зеленчук во секој оброк, без исклучок и ќе бидете 100% поздрави и послаби за кратко време.

Тајна бр. 4 – Свежа риба

За корисните омега-3 масни киселини што ги содржи рибата се зборувало многу, но Јапонците се доказ дека нејзината хранливост е вистинска. Јадете повеќе вида на риба: лосос, туна, пастрмка, сардини и сл. кои ги има и во јапонската кујна. Помагаат за непречена работа на срцето.

Тајна бр. 5 – Алтернативни протеини

Денес постојат многу производи кои служат како замена за месо. Сојата и нејзините производи: тофу (сирење од соја), нато (ферментирани зрна од соја), едамаме (недозреани зрна од соја) кои имаат посебен начин на подготовка во јапонската кујна и се добра замена за месо бидејќи не содржат заситени масти. Јапонците прават најмалку еден оброк од соја, а соја сосот речиси секогаш е застапен. Ако сте загрижени за преголемиот внес на сол, постои и соја сос со мала количина сол во него.