Гест од соседството | „Вечерва во 20 часот Белград аплаудира за Загреб“

196

Од иницијативата додаваат дека земјотресот, во кој биле оштетени голем број згради и други структури, дополнително го влошил животот на граѓаните на Загреб и ја закомплицирале борбата против пандемијата.

Иницијативата „Ne davimo Beograd“ на својот официјален профил на „Фејсбук“ ги повика сите белградски граѓани да пратат аплауз од балконите и терасите вечерва во 20 часот за жителите на Загреб кои утрово беа погодени од моќен и разурнувачки земјотрес.

„Нашите држави се соочуваат со голем тест под зараза на вирусот СОВИД-19,а уште една катастрофа ги погоди нашите соседи“, велат од NDBG.

Тие додадоа дека земјотресот, во кој биле оштетени голем број згради и други структури, дополнително го влошиле животот на граѓаните на Загреб и ја комплицирале борбата против пандемијата.

„Овој аплауз во 8 нека биде за сите оние кои се борат на Балканот во се повеќе комплексни услови. Вирусот ќе помине, но она што сакаме да останеме во нашето општество засекогаш, да растеме и да се развиваме, е солидарност, меѓусебна грижа и поддршка за сите наши граѓани. А таа нема граници и нема етничка, верска или политичка припадност. Придружете се на групата Аплаузи во 8 и повикајте пријателите. Ние шириме солидарност и поддршка на целиот наш народ“, заклучија тие.