Природни лекови против анемија

374

И покрај тоа што железото е еден од најраспространетите елементи во природата, кај околу 2 милијарди луѓе, повеќето жени и деца, се јавува недостаток на железо во крвта.

Недостатокот на железо придонесува до тоа клетките во организмот да не добиваат доволно кислород, а со самото тоа се нарушува работата на мускулите, како и бројните боихемиски реакции во организмот.

Како и секој друг здравствен проблем, анемијата се лечи во консултации со лекар, а природните лекови само го забрзуваат процесот на создавање на железо во организмот. Овие шест природни лекови се најдобрите кои можат да ви помогнат да ја победите оваа болест.

ЧАЈ ОД КОПРИВА

Една лажичка сушени листови од коприва, прелијте со 2dl зовриена вода и оставете да отстои 5 минути. Потоа исцедете го чајот и пијте го додека е млак. Препорачаната доза е три шолји дневно.

ЧАЈ ОД ЧЕТИРИ БИЛКИ

Измешајте исто количество листови од коприва, жалфија, мајчина душица и нане. Една лажица од оваа мешавина прелијте со 2,5dl студена вода, ставете ја на оган и варете една минута и потоа оставете ја отстои уште 5 минути. Исцедете, засладете со мед и додадете сок од лимон. Во текот на денот испијте најмалку две шолји, т.е. околу половина литар од овој чај.

ЧАЈ ОД РЕН

Во еден литар вода ставете 20g корен од рен и варете го околу 20 минути. Оставете го да отстои во текот на ноќта, исцедете го и пијте две шолји чај во текот на денот, меѓу оброците.

ЧАЈ ОД ОРЕВ

Сварете 20g свежи листови од орев во 1 литар вода, 15 минути, а потоа исцедете. Пијте една лажица дневно, пред ручек.

ТИНКТУРА ОД ЛУК

Исчистете и измијте 300g лук, прелијте го со чист алкохол и оставете да отстои три недели. Кога алкохолот целосно ќе испари, пијте по 20 капки дневно, растворени во половина чаша млеко.

КАКАО КРЕМ

Изматете 250g какао, 250g кафен шеќер, 250g мед, 250g путер, 2 лажици морска сол и 7 лажици јаболков оцет. Мешавината ставете ја во тегла и три пати во неделата јадете по една лажица.