Моќта на витамините Б

1148

За да можете да го подобрите вашето здравје, потребно е да ги внесувате потребните витамини.

Најпознатиот витамин кој го зголемува нивотот на енергија, го подобрува расположението и концентрацијата е витаминот Б12.

Треба да знаете дека сите витамини Б се многу важни за вас, бидејќи придонесуваат за балансирање на шеќер во крвта, здрав нервен систем, намалување на удари и срцеви болести и зголемување на дигестијата.

Б1 – тиамин

Знаци на недостаток: послаба меморија, замор, слабост, депресија, раздразливост, когнитивно нарушување, чувствителност на болка, нервоза, запек, отежнато дишење, вкочанетост и збунетост.
Го има во: лосос, ленено семе, чиа семе, индиски оревчиња, зелен грашок и црн грав.

Б2 – рибофлавин

Знаци на недостаток: недостаток на енергија, испукани усни, воспалена уста и водени очи.
Го има во: бадеми, сушени домати, природен јогурт, печурки и спанаќ.

Б3 – ниацин

Знаци на недостаток: недостаток на енергија, анксиозност, депресија и дерматитис.
Го има во: авокадо, мисиркини гради, пилешки гради, џигер и семки од сончоглед.

Б5 – пантотенска киселина

Знаци на недостаток: недостаток на енергија и надбубрежна дисфункција.
Го има во: фета сирење, туна, јајца, авокадо, пченка и слатки компири.

Б6 – пиридоксин

Знаци на недостаток: замор, несоодветно производство на серотонин и допамин, нарушен сон, намалена имунолошка функција и анемија.
Го има во: ф’стаци, суви кајсии, суво грозје и банани.

Б7 – биотин

Знаци на недостаток: депресија, губење на косата, трнење во екстремитети и сува кожа.
Го има во: карфиол, моркови, домати, свинско, ориз и пекан.

Б9 – фолна киселина

Знаци на недостаток: ментална слабост, анемија, неплодност и губење на апетитот.
Го има во: брокула, аспарагус, зелена салата, леќа, зелена репка и портокали.

Б12 – колабамин

Знаци на недостаток: замор, депресија, вртоглавица, оштетување на нервите и проблеми со видот.

Го има во: црниот дроб, конзервираните сардини, ракчиња, свилен тофу и швајцарско сирење.

Значителниот недостаток на било кој од овие витамини може да има значителни дејства врз вашето тело. Бидејќи витаминот Б е растворлив, тогаш значи дека организмот не го складира, па затоа е потребно постојано да го внесувате. Консумирањето на шолји чај или кафе, високото ниво на јаглехидрати и вештачки шеќери многу брзо ги согорува витамините Б во организмот. Исто така, стресот и лекарствата кои долго време се дел од вашиот живот можат значително да ги намалат нивоата на витамин Б. Секогаш консулирајте се со стручно лице.