Во Австралија пронајден најголемиот отпечаток од диносаурус | Видео

1292

Истражувачи од Австралија го пронајдоа најголемиот отпечаток од диносаурус во светот досега, што и дава посебно место на земјата на палеонтолошката мапа, објави „Дојче Веле“.

Отпечатoкoт е oд видот стегосауруси, и е со должина од 1,7 метра. Тоа е всушност само еден од вкупно 21 различен вид отпечатоци, најдени на полуостровот Дампир, што се наоѓа во северозападниот де од Австралија.

– Претходно, за најголем отпечаток од стапало на диносаурус се сметаше оној пронајден во Монголската Пустина лани, којшто беше долг 106 сантиметри, изјави професорот Стив Салисбери, кој е дел од експедицијата.

Откритието е на научници од универзитетот „Џејмс Кук“ во Квинсленд.