Археолозите пронашле локација со скелети на четириесетина деца

367

На северот на Перу, археолозите пронашле локација со скелети на околу четириесет деца, за која се верува дека била местото на нивното жртвување пред повеќе од 600 години.

Многу од нив имаат исеченици на градната коска, некои на ребрата, изјави археологот Julio Asencio од археолошкото ископување во близина на градот Trujillo.

Секое дете е погребано посебно, рече тој. Во близина се пронајдени и останки на двајца возрасни и две лами.

Се верува дека локацијата припаѓа на локалната група Chimu која доминирала во Перу од осмиот до крајот на 15 век, според Asencio.

Историчарите веруваат дека групата жртвувала деца во обид да ја придобие наклонетоста на боговите по обилните дождови и поплавите. Тие биле освоени од Инките неколку децении подоцна.

Археолозите, исто така, претходно пронашле место на масовно жртвување во близина, за кое се верува дека припаѓа на групата Chimu, со 140 скелети на деца и стотици лами.

Перу е дом на стотици археолошки локалитети на бројни предхиспански култури и империјата на Инките, која владеела од она што сега е јужен Еквадор до централно Чиле, пред околу петстотини години.