Добитниците за медицина ги избира Нобеловото собрание на шведскиот медицински универзитет Karolinska Institute.
Американските научници Victor Ambros и Gary Ruvkunсе добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија и медицина, за откритието на mikroRNA и нејзината улога во регулацијата на гените.
Нобеловото собрание нагласи дека нивното откритие се покажува како фундаментално важно за развојот и функционирањето на организмите.
Генералниот секретар на Нобеловиот одбор Thomas Perlmann изјави дека разговарал со Ruvkun по телефон непосредно пред објавувањето.
Помина долго време пред да дојде до телефонот и звучеше многу уморно, но беше доста возбуден и среќен кога сфати што се случило, изјави Perlmann за Associated Press.
– Ambros го спроведе истражувањето што довело до неговата награда на Harvard University. Во моментов е професор по природни науки на Medicine at the University of Massachusetts. Истражувањето на Ruvkun беше спроведено во Massachusetts General Hospital и Harvard Medical School, каде што тој е професор по генетика, рече Thomas Perlman.
Добитниците за медицина ги избира Нобеловото собрание на шведскиот медицински универзитет Karolinska Institute. Наградата вклучува паричен износ од 11 милиони шведски круни (970 илјади евра).
Како и секоја година, наградата за медицина е прва во низата Нобелови награди, а останатите пет ќе бидат доделени во наредните денови.



















