СТУДИЈА | Комбинација на лекови за рак на простата го продолжува животот на пациентите

1578

Новата комбинација на лекови кои веќе се користат за лекување на рак на простата го продолжува животот на пациентите со оваа болест, покажа истражувањето.

Резултатите од две студии, кои комбинирале претходно познати лекови, биле поздравени од британската добротворна организација Prostate Cancer UK, која изрази желба таквиот третман да биде достапен во рамките на Британската национална здравствена служба (NHS) што е можно поскоро.

Едно истражување покажало дека земањето комбинација од три познати лекови овозможува дополнителни 2,5 години живот без болести кај пациенти со метастатски карцином на простата и дека лековите го продолжуваат животот на пациентот за околу една и пол година.

Студијата наречена Peace-1 открива дека пациентите кои земале abirateron acetat и prednizon (AAP) со docetaksel и примале терапија со androgen (ADT) забележале дополнително намалување од 25 отсто во нивниот ризик од смрт од оние кои земале користеле само два лека.

Водечкиот автор на студијата, Karim Fizazi, професор по онкологија на Универзитетот во Paris-Saclay, објасни дека ова е прва студија која сугерира дека на некои пациенти треба да им се понуди „терапија со три лекови“, особено на оние со најагресивни форми на рак на простата.

Тој додаде дека несаканите ефекти од оваа комбинација на лекови биле „главно благи, со многу малку тешки несакани ефекти“.

„За прв пат, таквите пациенти може да очекуваат да живеат повеќе од пет години, додека пред 2015 година, нивното просечно преживување било помалку од три години“, рече тој. „До 2022 година, сите три лекови ќе бидат достапни во форма на генерички лекови, што значи дека ќе бидат достапни за пациентите ширум светот.“

Д-р Matthew Hobbs, директор за истражување во во организација на Prostate Cancer UK, рече дека студијата Peace-1 се надоврзува на веќе постигнатиот напредок во оваа област на медицината „и сугерира дека комбинирањето на неколку лекови може да им даде на пациентите до 18 дополнителни месеци живот“.

„Новите наоди ќе значат голема разлика за пациентите со агресивен рак на простата и доколку конечните резултати од студијата ги потврдат наодите, бараме од NHS да ја одобри оваа комбинација на лекови што е можно поскоро“, изјави Hobbs.

Друга студија, позната како Stampede, се фокусира на неметастатски, но високоризичен рак на простата.

Откриено е дека во рок од шест години кај мажите на стандардна терапија и терапија со AAP во период од две години, забележано е подобрување на стапката на неметастатско преживување од 82 проценти во споредба со претходните 69 проценти.

Имаше и подобрување во вкупната стапка на преживување од 86 отсто во споредба со претходните 77 отсто, како и подобрување од 93 отсто во специфичното преживување на рак на простата во споредба со претходните 85 отсто – во споредба со стандардниот третман.

„Новите резултати од студијата сугерираат дека давањето абиратерон на пациенти со агресивен локализиран рак на простата може да го спречи негативниот развој на болеста, а истовремено да го намали ризикот од смрт од рак на простата за шест години за повеќе од половина“, рече Hobbs.

Abirateron отсега ќе биде достапен за пациентите со рак на простата преку NHS.

Резултатите од студијата беа презентирани на Конгресот на Европското здружение за медицинска онкологија (ESMO) 2021 година.